Анкета „Како да ги задржиме работните места со КОВИД-19 кризата?“
Почитувани,
Пандемијата со КОВИД-19 предизвика целосен економски застој, а мерките за забрана на движење значително го отежнаа работниот процес, додека пак голем број на компании или ги намалија или целосно ги прекинаа своите активности, ставајќи во опасност голем број на работни места. Затоа ве повикуваме да го одговорите прашалникот кој стопанските комори го спроведуваат за утврдување на состојбата со работната сила и продуктивноста при економската криза. Стопанските комори ќе изработат позиционен документ кој директно ќе го достават до надлежните органи во кој ќе бидат опфатени ефектите од донесените мерки досега, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата.
Ве молиме внесете податоци за валидација
Ви благодариме на соработката.
Анкетата е целосно анонимна, внесените одговори се агрегираат во самото истражување и не се поврзуваат со поединечен анкетиран субјект. Оваа активност ќе се реализира во рамките на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементирана од страна на ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ, во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија
НАПОМЕНА
Согласно Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија, со пополнување на прашалникот, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработувани. Напоменуваме дека, собирањето на податоците и нивната обработка ќе бидат користени единствено за потребите на истражувањето.